• вторник, 24 декември 2024

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ со штанд на Саемот на книгата во Франкфурт

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ со штанд на Саемот на книгата во Франкфурт
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) -  Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, со свој штанд учествува на Саемот на книгата во Франкфурт, кој е најголем во светот,  „Прозарт медиа“ е поканета од Саемот на престижната „Invitation program“ заедно со 20 издавачи од целиот свет. -Саемот на книгата во Франкфурт со оваа покана обезбедува и штанд за „Прозарт медиа“, на којшто издавачот ги претставува своите изданија, неколку македонски писатели, како и фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, а има бројни средби со издавачи од светот. Во рамките на активностите, меѓу другото, основачот и уредник на „Прозарт медиа“, Дејан Трајкоски, се сретна со претставници на Интернационалната алијанса на независни издавачи, по што започнаа преговори за членство на „Прозарт медиа“. Алијансата има над 800 независни издавачи од 55 земји, а досега нема претставник од Македонија, соопшти „Прозарт медиа“. „Invitation program“ е слична на програмата „Скопје Fellowship“ која веќе девет години се организира во рамки на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, -Саемот на книгата во Франкфурт оваа година се врати со полна сила, со голем број посетители и издавачи. Регистрирани се над 4000 изложувачи, меѓу кои и некои од најголемите издавачи во светот, наведува издавачката куќа „Прозарт медиа“. хс/са/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан