Изградени тротоари и реконструкција на улицата Васко Карангелевски во Куманово
- Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека на улицата Васко Карангелески, во населба Гоце Делчев во Куманово се изградени нови тротоари, а улицата е целосно подготвена за асфалтирање.
Куманово, 20 април 2026 (МИА) - Почна реконструкција и изградба на улицата Васко Карангелевски во Куманово, соопштија денеска надлежните.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека на улицата Васко Карангелески, во населба Гоце Делчев во Куманово се изградени нови тротоари, а улицата е целосно подготвена за асфалтирање.
- Продолжуваме посветено да ја подобруваме инфраструктурата и условите за живот на сите граѓани- истакна Димитриевски.
За изградбата на улицата од општинскиот буџет одвоени се над 3, 5 милиони денари. ам/дма/
Фото: Општина Куманово