• вторник, 27 август 2024

Изградена нова градинка во Јосифово

Изградена нова градинка во Јосифово
Валандово, 11 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и со градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов денеска во Јосифово го посетија новоизградениот објект на градинката „Детелинка”. Градинката треба да згрижи шеесетина деца и се решава долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во селото Јосифово. Спорд премиерот Димитар Ковачевски вложувањето во рана предучилишна едукација, во образование, значи вложување во иднината на државата. -Проектот за изградба на нови градинки низ државата рамномерно ги опфаќа сите градови и места каде има потреба од згрижување на деца. Благодарение на бројните мерки што ги презедовме досега, постигнуваме резултати. За прв пат во историјата на државата со поддршка на Владата предводена од СДСМ се изградени 72 градинки, во кои се згрижени околу 4.800 нови деца. За прв пат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места. Како Влада обезбедуваме услови за оптимален развој на детето, помагаме на родителите во воспитување на децата, бидејќи важно е што поголем број деца да одат во градинка и да стекнуваат добри навики уште во најраната возраст, истакна премиерот Ковачевски. Оваа градинка е изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка.рт/са/

Остани поврзан