• четврток, 05 септември 2024

Изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во Бучинци

Изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во Бучинци

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Општина Илинден почна со изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки  на детското игралиште ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи. Дополнително, во рамки на детското игралиште се гради кошаркарско игралиште со бетонска подлога, кош и партерно уреден простор, информираат денеска од Општина Илинден. 

На терен увид на работните активности направил градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакнал дека децата и младите од Бучинци ќе добијат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра, забава и спортски дух. 

Според Општина Илинден, новите игралишта се континуитет на успешните проекти на општината, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината. Оттаму најавуваат дека наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места. сст/лв/

Остани поврзан