• недела, 28 јули 2024

Изградба на колекторскиот систем во општина Илинден

Изградба на колекторскиот систем во општина Илинден
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри. Како што информираат од општината кон системот за фекална канализација ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства, а во наредниот период тие ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место. Вредноста на изградбата на колекторскиот систем за фекална канализација на овие 700 метри изнесува 1,200.000 денари. Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во Миладиновци, како и подобрување на заштитата на животната средина. Пречистителната станица во Миладиновци е со капацитет за 1250 еквивалент жители, а со изградбата на оваа пречистителна станица се овозможува прочистување и третман на отпадните фекални води од сите домаќинства од населеното место Миладиновци. свс/дма/

Остани поврзан