• среда, 04 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изгоре куќа во струмичко Костурино

Изгоре куќа во струмичко Костурино
Струмица, 24 јули 2022 (МИА) - Во селото Костурино, Струмишко, денеска, изгоре куќа во пожар што избувнал околу 11 часот. Според информациите од ТППЕ Струмица, нема повредени, а пожарникарите кога пристигнале пожарот бил во разгорена фаза и веднаш било пристапено кон негово гаснење со што било спречено ширење кон околните објекти. Огнот бил изгаснат по скоро два часа, а во гасењето учествувале девет пожарникари и три противпожарни возила. Причините за избувнувањето на пожарот ќе се испитуваат. рт/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан