Изгореа дел од кровна конструкција од куќа и помошна просторија во Кавадарци
- Изгореа дел од кровна конструкција од куќа и помошна просторија во Брушан маало, во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица, која веднаш заминала на лице место по дојавата и интервенирала со пет пожарникари и две противпожарни возила.
Кавадарци, 14 август 2025 (МИА) - Изгореа дел од кровна конструкција од куќа и помошна просторија во Брушан маало, во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица, која веднаш заминала на лице место по дојавата и интервенирала со пет пожарникари и две противпожарни возила.

- Пожарникарите реагираа брзо и спречија огнот да се прошири на околните објекти бидејќи станува збор за густо населено маало и куќи што се многу блиски едни до други, рекоа очевидци за МИА.
Засега нема повеќе детали околу вечерашниот пожар. свд/аа/
Фото: МИА