Изгореа автомобил, трактор, гаража и шупа во Камендол, Росоманско
- Изгореа автомобил, трактор, гаража и шупа во Камендол, Росоманско. Очевидци за МИА велат дека пожарникарите спречиле поголеми штети.

Росоман, 8 мај 2022 (МИА) - Изгореа автомобил, трактор, гаража и шупа во Камендол, Росоманско. Очевидци за МИА велат дека пожарникарите спречиле поголеми штети.
Од Територијалната противпожарна единица за МИА изјавија дека интервенирале со пет пожарникари и две противпожарни возила и пожарот е ставен под контрола.
Подоцна во текот на денешниот ден, пожар избил и на ресавски пат, каде гореле сува трева и борови дрвја. И таму пожарот бил ставен под контрола. свд/мс/
