• петок, 26 јули 2024

Изгаснат пожар во напуштен дуќан во кумановски Гарнизон

Изгаснат пожар во напуштен дуќан во кумановски Гарнизон

Куманово, 18 јули 2024 (МИА) - Две екипи на територијалната противпожарна единица го изгаснале пожарот кој избувна во напуштен дуќан на трет кат од Гарнизон во Куманово, информираа денеска од ТППЕ Куманово. 

Пожарот избувнал пред 14 часот во напуштен дуќан кoј бил полн со смет.

-На терен интервенираа две противпожарни возила и седум пожарникари кои го изгаснале пожарот за еден час. Просторот беше полн сл смет информираа од ТППЕ Куманово. 

Во објектот на третиот кат со години се фрла смет и шут.ам/хс/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан