Изгаснат пожарот кај Велес во близина на Градската депонија
- Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес вечерва околу 21 часот го изгаснаа големиот пожар што избувна попладнето околу 17:30 часот во непосредна близина на автопатот

Велес, 6 август 2021(МИА) - Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес вечерва околу 21 часот го изгаснаа големиот пожар што избувна попладнето околу 17:30 часот во непосредна близина на автопатот Велес-Штип во близина на населбата Дурутовец и Градската комунална депонија.
- Пожарникарите спречија да се прошири пожарот и ги спасија викенд куќите, информираат за МИА од ТППЕ Велес.
Во пожарот беа вклучени 15 - тина пожарникари со четири теренски возила за гаснење пожари и еден камион-цистерна со вода. ад/бак/