Изгаснат пожарот во адвокатската улица во Скопје
- Пожарот што вечерва избувна во напуштена куќа на адвокатската улица позади ресторанот „Стара куќа“ е изгаснат. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со три против

Скопје, 21 септември 2021 (МИА) - Пожарот што вечерва избувна во напуштена куќа на
адвокатската улица позади ресторанот „Стара куќа“ е изгаснат. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со три противпожарни возила и со уште едно возило за дотур на вода.
- Во 21:18 часот е примена дојава за запалена куќа на адвокатска улица позади ресторанот „Стара куќа“. По самата дојава пристигнато е со три возила и уште едно дополнително возило за дотур на вода. Пожарот е локакизиран за краток период, куќата е напуштена и во неа не живеел никој, изјави вечерва командирот на ТТПЕ Владимир Симоновски. бак/нд/
Фото: МИА
