• сабота, 24 август 2024

Изгаснати 25 пожари во текот на вчерашниот ден

Изгаснати 25 пожари во текот на вчерашниот ден

Скопје, 10 август 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово.

Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар. сан/нд/

 

Остани поврзан