• понеделник, 23 декември 2024

Извршен увид на местото каде е пронајден починатиот лекар во Железара

Извршен увид на местото каде е пронајден починатиот лекар во Железара

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото во скопската населба Железара каде синоќа беше пронајдено телото на 67-годишниот лекар со повеќе убодни рани.

- Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан