• петок, 21 февруари 2025

Извршен увид во документација во Вишото јавно обвинителство Скопје

Извршен увид во документација во  Вишото јавно обвинителство Скопје

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска извршил увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбедил докази во постапката за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител.

- Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Увидот во документацијата, се вели во соопштението, е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан