• понеделник, 23 декември 2024

Извор од Белата куќа: Бајден синоќа планираше да остане во трката за претседател

Извор од Белата куќа: Бајден синоќа планираше да остане во трката за претседател

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден планирал да остане во претседателската трка до синоќа, но попладнево одеднаш се предомислил, изјави неименуван извор од Белата куќа.

-Пораката синоќа беше дека одиме со полна брзина напред. Околу 13 часот и 45 минути, претседателот му кажа на својот тим дека се предомислил, изјавил изворот за британските медиуми.

Американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори во ноември.

Тој во писмото објавено на социјалната мрежа „Х“ вели дека смета дека е во најдобар интерес на неговата партија и на државата да се повлече и да се фокусира само на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат. Со повлекувањето од кандидатурата, Бајден и го расчисти патот на потпретседателката на САД Камала Харис да се кандидира. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан