• среда, 27 ноември 2024

Извлечени првите 15 работници од урнатиот сообраќаен тунел во северниот дел на Индија

Извлечени првите 15 работници од урнатиот сообраќаен тунел во северниот дел на Индија

Њу Делхи, 28 ноември 2023 (МИА) - Спасувачките екипи веќе пристигнаа до 41 работник, кои од 12 ноември се заробени во сообраќајниот тунел што се урна на северот од Индија и спасувачката акција е веќе во тек.

-Се очекува работниците да бидат извлечени еден по еден на носилки низ цевката, наведуваат официјалните лица, додавајќи дека челичната цевка е доволно широка за да им овозможи на луѓето да се провлечат низ неа.

Би-Би-Си јави дека првите 15 работници веќе се извлечени од тунелот по 17 дена минати внатре со своите колеги.

-Спасувачката операција треба да заврши наскоро, соопштија претходно денеска властите на индиската сојузна држава Утараканд.

Сите работници се живи и преку цевководот се снабдуваат со вода и сува храна, комуницираат преку воки-токи, а нивните вознемирени семејства деноноќно ги чекаат пред самиот тунел.

Тунелот во изградба, долг 4,5 километри, што се наоѓа на фреквентен пат што поврзува популарни верски и туристички дестинации, се урна на 12 ноември. сд/

фото:Х

Остани поврзан