• понеделник, 16 декември 2024

Извештај на францускиот Парламент: Воената помош на Франција за Украина изнесува 3,2 милијарди евра

Извештај на францускиот Парламент: Воената помош на Франција за Украина изнесува 3,2 милијарди евра

Париз, 8 ноември 2023 (МИА) - Износот на француската воена помош за Украина се проценува на 3,2 милијарди евра, се наведува во парламентарниот извештај претставен пред Комитетот за одбрана и вооружени сили на францускиот Парламент.

Трошоците за воената опрема предадена на Украина го сочинуваат најголемиот дел од вкупниот износ, кој изнесува 1,7 милијарди евра ако се земат предвид трошоците за замена. На ова се додаваат трошоците за обуката што ја обезбедија француските вооружени сили на 7.000 украински војници во износ од 300 милиони евра, придонесот на Франција во Европскиот мировен механизам изнесува 1 милијарда евра и 200 милиони евра за фондот за поддршка на Украина.

„Ова е бруто износ што ќе биде распрределен со текот на времето до 2027 година поради замена на опремата предадена на Украина“, објасни пратеникот Лионел Роаје-Перо, известувач на мисијата за проверка на факти за француската воена поддршка за Украина.

Според него, враќањето на средствата од европскиот механизам, во кој Франција учествува со 18 отсто или 500 милиони евра, „ќе го намали“ и износот на финансиското учество на Париз во воената помош. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан