• сабота, 23 ноември 2024

Извештај: Во Европа се зголемува бројот на смртни случаи предизвикани од дрога

Извештај: Во Европа се зголемува бројот на смртни случаи предизвикани од дрога

Лисабон, 16 јуни 2023 (МИА) – Во најновиот извештај на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦДДА) се наведува дека продолжуваат да се зголемуваат смртните случаи во Европа предизвикани од дрога.

Според податоците на ЕМЦДДА најголем број починати лица од дрога во земјите-членки на ЕУ се регистрирани во Германија. Бројот на смртни случаи поврзани со дрога во Германија во 2021 година изнесуваше 1.826, бројка двојно поголема од пред 10 10 години.

Германија е на прво место во ЕУ, а потоа следат Шпанија (774), Шведска (450) и Франција (417).

Според извештајот на Агенцијата на ЕУ со седиште во Лисабон, во 2021 година имало вкупно најмалку 6.166 смртни случаи од предозирање со дрога во 27 земји-членки на ЕУ.

Тоа е речиси 17 смртни случаи дневно и значително повеќе отколку во 2020 година (5.796) и 2019 година (5.141).

Смртноста од предозирање во ЕУ во 2021 година изнесуваше 18,3 смртни случаи на милион жители на возраст од 15 до 64 години. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан