Известување на претседателството на МАНУ за објавениот напис од академик Коцарев во весникот „Нова Македонија“
- По повод написот на акад. Љупчо Коцарев, објавен во дневниот весник „Нова Македонија“ на 24. 1. 2026 година, претседателството на Македонската академија на науките и уметностите на вчерашната седница заклучи дека со написот се нанесува голема штета и се нарушува угледот на Академијата. Претседателството го осуди и го оцени како непримерен ваквиот настап, невообичаен во досегашните 58 години постоење на МАНУ, особено затоа што потекнува од поранешен претседател и сегашен член на претседателството, се вели во соопштението од МАНУ, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 29 јануари 2026
По повод написот на акад. Љупчо Коцарев, објавен во дневниот весник „Нова Македонија“ на 24. 1. 2026 година, претседателството на Македонската академија на науките и уметностите на вчерашната седница заклучи дека со написот се нанесува голема штета и се нарушува угледот на Академијата. Претседателството го осуди и го оцени како непримерен ваквиот настап, невообичаен во досегашните 58 години постоење на МАНУ, особено затоа што потекнува од поранешен претседател и сегашен член на претседателството, се вели во соопштението од МАНУ, што МИА го објавува интегрално.
Претседателството со индигнација во целост ги отфрла изнесените наводи во написот како неаргументирани и невистинити и дава целосна поддршка на работата на претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов. Академик Коцарев очигледно не ги почитува одлуките на шретседателството донесени со мнозинство и бидејќи не успева да ги наложи своите погледи, ги изнесува во јавност без секаква логика и оправданост.
Акад. Љупчо Коцарев како член на претседателството на МАНУ секогаш имал и има можност во согласност со статутарните процедури да ги изнесува своите ставови во телата на Академијата доколку во нив редовно учествува и да ги брани во духот на аргументираниот дијалог и расправа, која прилега на институција како што е МАНУ - највисока научна и уметничка институција во државава.
ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА МАНУ
Фото: МИА архива