Изведен планинарскиот марш „Меморијал Марко Илиевски“ на ПК Тетекс
- Со симболично учество на планинари поради состојбата со коронавирусот, планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово денеска го изведе 29-тиот Меморијален марш Марко Илиевски. Оваа година меморијални

Тетово, 28 јуни 2020 (МИА) – Со симболично учество на планинари поради состојбата со коронавирусот, планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово денеска го изведе 29-тиот Меморијален марш Марко Илиевски. Оваа година меморијалниот марш се изведе по патеката долга девет километри до врвот Плат на 2340 метри надморска височина.

-Традиционално, но денес поради настанатата состојба со коронавирусот решивме симболично и скромно да го одбележиме овој значаен марш на ПК „Тетекс“ притоа почитувајќи ги протоколите за заштита. Маршот започна од Попова Шапка до Горна Лешница и врвот Плат и назад. Традицијата останува традиција и треба да се негува, истакна Снежана Новаковска, претседателка на клубот.

Во текот на летото традиционални предизвици организирани од ПК „Тетекс“ се маршот до Караниколично езеро во јули и заедничкото организирање на летното искачување до Титов врв во август со планинарскиот клуб Јелак, чија реализација зависи од актуелната здравствена состојба. ас/ев/