• понеделник, 23 декември 2024

Избришано интервјуто на Латас кај Лазаров

Избришано интервјуто на Латас кај Лазаров

Скопје, 20 февруари 2023 (МИА) - Интервјуто на Драган Павловиќ-Латас кај јутуберот Стефан Лазаров, кое предизвика негативни реакции во јавноста, од попладнево не може да се најде на каналот на јутуберот.

Поткастот во кој учествуваше Латас беше емитуван пред пет дена, а предизвика низа реакции по неговото раскажување за сексуално искуство во тинејџерските денови со девојка од причина што стимулираше насилство и родова дискриминација.

Скопското јавно обвинителство оформи предмет, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека поднеле известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со објавеното интервју како подкаст на Јутјуб каналот.

За интервјуто реагираа граѓани на социјалните мрежи, а денеска реакции имаше и од невладини организации и новинарски здруженија. бак/вј/ 

Остани поврзан