• понеделник, 02 февруари 2026

Избран „Ол стар тимот“ на Европското првенство – Гидсел со наградата МВП

Избран „Ол стар тимот“ на Европското првенство – Гидсел со наградата МВП

Хернинг, 1.февруари 2026 (МИА) – Играчи од шест репрезентации изборија место во „Ол стар тимот“ на шампионатот. Покрај седумте позиции, беа избрани најдобриот одбранбен играч, најдобар млад играч, како и најкорисниот ракометар (МВП) на првенството.

„Ол стар тимот“ го сочинуваат:

Голман – Андреас Волф (Германија)

Лево крило – Аугуст Педерсен (Норвешка)

Лев бек – Симон Питлик (Данска)

Среден бек – Гисли Кристјансон (Исланд)

Десен бек – Франциско Кошта (Португалија)

Десно крило – Марио Шоштариќ (Хрватска)

Пикер – Јоханес Гола (Германија)

Најдобар играч во одбрана – Салвадор Салвадор (Португалија)

Млад играч – Франциско Кошта (Португалија)

Најкорисен играч МВП – Матијас Гидсел (Данска)

До крајот на шампионатот остануваат да се одиграат уште два натпревара „малото финале“ меѓу Хрватска и Исланд (за бронзен медал – почеток 15:15 часот) и финалето меѓу Данска и Хрватска (почеток 18 часот). мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан