• среда, 25 декември 2024

Банкарство во метаверзумот - Вештачката интелигенција го менува начинот на кој управувате со парите

Банкарство во метаверзумот - Вештачката интелигенција го менува начинот на кој управувате со парите

5 мај 2023

BIZLife

Вештачката интелигенција (ВИ) цвета во моментов, а некои аналитичари тврдат дека тоа е најважната тема за Big Tech оваа година. Нови производи и технологии базирани на вештачка интелигенција постојано се појавуваат, а нивното влијание само ќе расте насекаде, вклучително и во банкарството.

Може да очекувате дека четбот ќе одговори кога ќе се обидете да ја контактирате вашата банка преку Интернет или автоматски да одговори кога ќе ја повикате. Но, влијанието на вештачката интелигенција врз парите и инвестирањето веројатно ќе биде многу пошироко, велат експертите.

„ВИ истовремено ги нарушува и оплеменува постојните лични финансии. Вештачката интелигенција веќе игра улога во сè, од штедење до планирање пензионирање, буџетирање до кредитни резултати и осигурување до тргување“, изјави Бони Бјукенан, професорка по финансии на Универзитетот во Сари за CNBC Make It.

- Корисниците често дури и не забележуваат кога е вклучена вештачката интелигенција, додаде Сара Колс, шефица на лични финансии во Харгривс Лансдаун.

„На пример, вештачката интелигенција се користи од банките за да ги следат трошоците и автоматски да ги предупредуваат луѓето кога трошат или достигнуваат одредено ниво на нивната сметка. Тие исто така можат да следат дали трошењето е типично и да ги предупредат корисниците за можни случаи на измама“, посочува таа.

Но, ова е веројатно само почеток, според експертите.

Банкарство во метаверзумот?

Еден од начините на кој Сара Колс гледа дека вештачката интелигенција се шири во личните финансии е нудење повеќе насочена и специфична поддршка во финансиското планирање, на пример.

„ВИ може да се користи за да се подобри таргетирањето на информациите за луѓето да можат да ги добијат информациите што им се потребни, кога им се потребни“, објасни таа, додавајќи дека тоа може да им помогне на луѓето да направат подобри финансиски избори.

Кимберли Дилон, потпретседателка за бренд во апликацијата за финансиски услуги Cleo со вештачка интелигенција, исто така верува дека може да се појават нови алатки за управување со пари.

„Ќе можеме да разбереме и брзо да се прилагодиме на тоа како луѓето штедат и трошат пари, потоа да ги приспособиме алатките на тие однесувања, а исто така подобро да процениме кои финансиски услуги би биле од корист некому“, рече таа.

Бјукенан оди чекор понатаму.

„Потоа, се разбира, тука е метаверзумот кој се развива. Многу банки и даватели на финансиски услуги воспоставуваат присуство во метаверзумот“, истакна таа.

Финансиите ќе бидат подостапни и поинклузивни

Во не толку далечна иднина, луѓето би можеле да користат VR уреди за да влезат во метаверзумот за нивните потреби за банкарство, осигурување и управување со богатството.

Овие промени во управувањето со парите би можеле да ги направат финансиите подостапни и поинклузивни и да ги заштитат клиентите од финансиска штета, велат експертите.

„Тоа дава можност значително да се подобри пристапот до помошта што на луѓето навистина им е потребна“, заклучи Сара Колс.

На пример, може да им помогне на банките да забележат дали одредени клиенти често се во долгови или немаат готовина и да дадат совети како да ја подобрат нивната ситуација пред да излезе од контрола, предложи таа.

Дилон додаде дека технологиите базирани на вештачка интелигенција, исто така, можат да помогнат во креирањето персонализирани планови за буџетирање за да им помогнат на луѓето да излезат од такви ситуации.

Погодноста исто така игра голема улога, рече Бјукенан. Четботите често можат да вршат основни финансиски интеракции, на пример, а алатките за вештачка интелигенција може да алармираат за сомнителна измама, објасни таа. ссм/

фото: pixabay.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан