• среда, 25 декември 2024

Избрани јавни обвинители во Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци

Избрани јавни обвинители во Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство во Скопје и по еден во Гостивар и Кавадарци беа избрани на денешната 82 Седница на Советот на јавни обвинители.

Од пријавените шест кандидати на огласот за пет, во Основното јавно обвинителство Скопје беа избрани Зоран Здравев, Ирина Спасовска, Емилија Мизо Димков, Фатмир Муса, Ајбејан Ајдини, а не беше избран кандидатот Игор Димитровски.
Во Основно јавно обвинителство Гостивар за обвинителка беше избрана кандидатката Елизабета Јосифовска, а во ОЈО Кавадарци, Елена Манчева Костова, единствени пријавени кандидати на соодветните огласи за двете обвинителства.

На денешната 82 седница, претходно, Советот на јавни обвинители ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишо Јавно обвинителство Скопје и Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. 

Додека, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби двајца нови обвинители, а на една ѝ беше продолжен мандатот. 

Станува збор за обвинителките Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК.

Остани поврзан