• среда, 25 декември 2024

Избрани финалистите на 10-то издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“

Избрани финалистите на 10-то издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“

Гостивар, 24 април 2023 (МИА) – По завршувањето на конкурсот за пријавување и оценувањето на пристигнатите поетски творби, организаторот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави списокот со годинешните финалисти.

Тричлената жири-комисија во состав на Маја Апостолоска, Бранко Цветкоски и Слаѓана Брезовска, од пристигнатите 184 творби во двете возрасни категории го направи „Златниот одбир“.

Како што информираше Слаѓана Брезовска од организацискиот одбор на фестивалот, за наградите како финалисти на десеттото фестивалско поетско издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2023“ се Тара Едуард, Ијаши-Романија, Марија Јанчевска – Скопје, Димитра Десановска – Битола, Анета Велкоска Ода – Скопје, Десанка Николова – Велес, Душан Стојковиќ, Грделица – Србија, Фросина Тасевска – Штип, Сара Ѓорѓијоска – Куманово, Александра Вујишиќ, Подгорица – Црна Гора, Силвана Димитриевска – Скопје, Лидија Размовска Тримовска – Скопје, Сара Ангелова – Делчево.

Овие финалисти конкурираат за наградите Гран при, прва, втора и трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра. Жирито направи избор на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка.

Годинешното издание на фестивалот, претставувањето на финалистите пред публиката, доделувањето на наградите и признанијата и промоцијата на заедничката збирка ќе се одржи на 21 мај, недела, во Гостивар.

„Литературни искри“ се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Носител на проектот е здружението „Милениум“ со поддршка од министерството за култура на Македонија.згм/бт/

фото: Меѓународен поетски фестивал Литературни искри

Остани поврзан