• недела, 01 февруари 2026

Избрани најдобрите спортисти и екипи на Струмица за минатата година

Избрани најдобрите спортисти и екипи на Струмица за минатата година

Струмица, 31 јануари 2026 (МИА) - Во Струмица синоќа беа прогласени најдобрите спортисти и спортски екипи за минатата година. За спортист на годината во индивидуален спорт е прогласен Петер Велков од КБК „К1 АРЕНА“, спортист на годината во екипен спорт во женска конкуренција е Софија Пандева од ОК „Наковски Волеј“, а спортист на годината во екипен спорт во машка конкуренција е Филип Маџунков од ОК „Струмица 47&72“. 

Катја Поп- Николова од ШК „Цареви Кули“ и Филип Пасков од КК „Шихан“ се прогласени за најдобри млади спортисти на Струмица во индивидуалниот спорт. Ивана Милева од ОК „Наковски Волеј“ е прогласена за најдобар млад спортист во женска конкуренција, а Јован Милев од ОК „Струмица“ во машка конкуренција.

Сениорските состави на ОК „Струмица“ и КБК „Тим Зоран“ се избрани за најдобри екипи на Струмица за 2025 година во екипна и индивидуална конкуренција. За најдобра екипа во младинска категорија е избран ФК „Академија Пандев Брера“(пионери).

На вчерашниот спортски избор, за најдобар тренер во индивидуален спорт е прогласен Зоран Спасов од КБК „Тим Зоран“, а во екипен спорт Александар Митев од ОК „Наковски Волеј“. Најдобар тренер во младинска категорија – индивидуален спорт е Атанас Василев од КК „Шихан“, а во екипниот спорт Мартин Алаѓозовски од ФК „Академија Пандев Брера АД“.

Манифестацијата за избор на спортист на Струмица се одржа по 63 пат под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на општина Струмица, а во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмиц. Наградите и призанијата на најдобрите им ги врачија градоначалникот и членови на Советот. рт/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан