• сабота, 23 ноември 2024

Избрана компанијата што ќе врши превоз на учениците од Пласница и Лисичани

Избрана компанијата што ќе врши превоз на учениците од Пласница и Лисичани
Кичево 27, февруари 2022 (МИА) - Избрана е компанија што ќе врши превоз на учениците од средното образование од селата Пласница, Преглово, Лисичани и Челопеци, кои наставата на турски јазик ја следат во ОСУ„ Мирко Милески“ Кичево. Овие ученици во изминатиов месец поради немање превоз до и од Кичево, наставата ја следеа онлајн и од 1 март ќе ја следат наставата со физичко присуство во кичевското училиште. - Со задоцнување од еден месец и во третиот обид избран е најповолен понудувач кој ќе врши превоз на околу стотина ученици од Пласница, Преглово, Лисичани и Челопеци, кои наставата на турски јазик ја следат во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево, рече Зоран Стојкоски, претседател на училишниот одбор во ОСУ„ Мирко Милески“ Кичево. Додаде дека учениците биле приморани првиот месец од ова полугодие да следат настава онлајн, поради тоа што немале превоз. - Разрешена е неизвесноста околу транспортот на учениците од овие села. Компанијата која го доби тендерот е од Пласница и истата и претходните години превезуваше ученици од овие села до Кичево и обратно, вели Стојкоски. за/мс/

Остани поврзан