• петок, 22 ноември 2024

ИЗБОРИ 2024: Џафери: Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател

ИЗБОРИ 2024: Џафери: Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател на државата.

-Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција колку што знам. И мислам дека нема да прифати да биде кандидат. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава, и за оваа држава и за граѓаните во оваа држава. Така што, негова мисија е Европа, Европска унија и си работи на таа мисија, рече Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза" во Скопје.

Џафери смета дека не е приоритет на Ахмети натпреварот по однос на носењето на функција.

-Не мислам дека му е приоритет натпреварот по однос на носењето на функција. Да сакал функција, можел да ја има која било функција во овие 23 години, рече Џафери.

Прес-конференција на првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Министерот за политички систем и член на ДУИ, Артан Груби вчера во телевизиско гостување истакна дека нивната партија неделава ќе го објави претседателскиот кандидат. Потенцира дека се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати, но, како што рече, се уште немаат донесено одлука. Ахмети, посочи тој, колку што го знам ќе остане на својата определба за мисија, а не за функција.

-Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети, рече Груби во емисијата „360 степени“.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан