ИД презеде одговорност за нападите во Авганистан
- Исламска држава презеде денеска одговорност за серијата бомбашки напади во авганистанскиот град Џалалабад, објавија западните медиуми, повикувајќи се на новинската агенција Амак њуз, која е п

Кабул, 19 септември 2021 (МИА) - Исламска држава презеде денеска одговорност за серијата бомбашки напади во авганистанскиот град Џалалабад, објавија западните медиуми, повикувајќи се на новинската агенција Амак њуз, која е поврзана со терористичката група.
Амак њуз го пренесе соопштението на ИД на каналот на таа исламистичка група на социјалната мрежа Телеграм.
- Повеќе од 35 припадници на талибанската милиција се убиени или повредени при експлозиите, наведе терористичката организација, посочувајќи на нападите кои се извршени вчера и денеска.
Засега нема коментари од талибанска страна за бројот на жртвите. гт/