• понеделник, 16 декември 2024

ИДФ: Значителен пад на бројот на резервисти кои се пријавија во армијата на Израел

ИДФ: Значителен пад на бројот на резервисти кои се пријавија во армијата на Израел

Тел Авив, 11 ноември 2024(МИА) - Во изминатите недели, Израел забележа значителен пад на бројот на резервни војници кои се пријавиле на должност, во споредба со почетокот на војната, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

На почетокот на војната, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека повеќе од 100 отсто од повиканите резервисти одговориле на должност. Во некои единици, стапката на излезност беше дури 150 проценти, бидејќи многу резервисти се пријавија на должност и покрај тоа што не добија формален повик. Во последниве недели, стапката на одговор во резервните единици кои моментално се борат во Либан и во Појасот Газа се движеше помеѓу 75 и 85 отсто, според воени извори.

Намалувањето се припишува на тоа што поединци кои се бореле повеќе од една година во војната, како и што биле далеку од своите семејства подолг период, ги губат своите работни места или пропуштале академски студии. Меѓу причините за падот на одѕивот на резервистите е незадоволството поради неуспехот на земјата да ги привлече оние од ултраортодоксната еврејска заедница, додека одѕивот на граѓаните од секуларните заедници и понатаму е висок.

ИДФ се обиде да ги зајакне своите редови и го продолжи времетраењето на задолжителниот воен рок за да ги ослободи резервистите, бидејќи многу од нив веќе поминаа голем дел од војната во униформа и се очекува да бидат повикани на повеќе од 100 дена служба и следната година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан