• четврток, 04 декември 2025

ИДФ соопштија дека уништиле четири тунели на Хамас во Кан Јунис

ИДФ соопштија дека уништиле четири тунели на Хамас во Кан Јунис

Кан Јунис, 9 ноември 2025 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека војниците распоредени во Кан Јунис во јужна Газа, на источната страна на Жолтата линија, каде што ИДФ сè уште има контрола по делумното повлекување, уништиле четири тунели на Хамас.

Тунелите биле лоцирани и срамнети со земја од војниците на седмата оклопна бригада, Пешадиската бригада Голани и елитната борбена инженерска единица Јахалом.

ИДФ наведуваат дека војниците уништиле и десетици згради кои Хамас ги користел за терористички активности, „во кои било лоцирано многу оружје“.

ИДФ потврдија дека остануваат распоредени во Газа „во согласност со договорот за прекин на огнот и ќе продолжат да дејствуваат за отстранување на секоја непосредна закана“. јт/

Фото: ИДФ

Остани поврзан