ИДФ: Од почетокот на копнената операција во Газа загинале 59 израелски војници
- -Вкупно 380 израелски војници се убиени во бруталните убиствени напади на терористите од Хамас и другите групи, што беа изведени на 7 октомври во јужната погранична област, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили, пренесе германската агенција.
Тел Авив, 19 ноември 2023 (МИА) - Според израелските воени податоци, од почетокот на копнената операција во Појасот Газа, убиени се 59 израелските војници, јави ДПА.
-Вкупно 380 израелски војници се убиени во бруталните убиствени напади на терористите од Хамас и другите групи, што беа изведени на 7 октомври во јужната погранична област, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили, пренесе германската агенција.
Бројката ги вклучува и војниците кои загинале на границата со Либан, каде што од почетокот на војната имаше повеќе судири, предизвикувајќи стравувања дека конфликтот може да се прошири.
Како споредба, во 50-дневната војна во 2014 година во Газа, на израелска страна загинаа 66 војници и пет цивили. ОН наведуваат дека во тогашниот конфликт загинаа и 2.251 Палестинец, потсетува ДПА. сд/
фото:МИА архива