• петок, 05 декември 2025

Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места

Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места

Скопје,  14 август 2025 (МИА) - Во вторник и среда (19 и 20 август) е првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за академската 2025/2026 година

Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти.

Како и во минатите години, најмногу слободни места има за упис на студиските програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофски факултет (880), Филолошки (810), Медицински факултет (760), Економски (700), Правен факултет (610), Факултет за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ (590).

Редовните студенти кои се финансираат од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, а тие со кофинансирање на студиите и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.

Во објавениот Конкурс на УКИМ се наведени условите и критериумите за запишување, роковите, потребните документи и начинот на аплицирање.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

На 19 и 20 август е првиот рок за пријавување на кандидатите, вториот рок ќе биде на 11 и 12 септември, а третиот рок каде што ќе има слободни места – на 24 септември 2025. хс/вј/ 

Фото: МИА архива / принтскрин Конкурс УКИМ

Остани поврзан