• вторник, 19 ноември 2024

ИДКНА ја промовираше книгата „Традиционалната култура на Арбнешите од Задар“ од Александар Стипчевиќ

ИДКНА ја промовираше книгата „Традиционалната култура на Арбнешите од Задар“ од Александар Стипчевиќ
Скопје 17 мај 2022 (МИА) - Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје, заедно со Албанолошкиот институт - Приштина и Академијата за албанолошки студии - Тирана, денеска ја промовираа книгата на илирологот Александар Стипќевиќ „Традиционалната култура на Арбнешите од Задар“, во издание на Албанолошки Институт во Приштина. - Денес се собравме да зборуваме за една величествена фигура како што е Александар Стипчевиќ којшто е најдобар познавач на илирскиот јазик и на науките на албанологијата, кој не само тука, туку секаде ја има докажано културното наследството за Илирите коишто ни го оставиле нашите предци, истакна директорот на Институтот Скендер Асани. Имено Александар Стипчевиќ во 2011 година ја има објавено книгата „Традиционалната култура на Арбнешите од Задар“ на хрватски јазик, дело коешто е претставува големо значење за Арбнешите од хрватскиот град, Задар. Книгата е преведена на албански јазик во 2012 година од страна на Албанолошкиот институт во Приштина. сх/нд/

Остани поврзан