Игудала: Дурант ќе стане МВП на сезоната 2020/21
- Кошаркарот на Мајами хит, Андре Игудала верува дека играчот на Бруклин, Кевин Дурант ќе биде МВП во НБА за сезоната 2020/21.

Мајами, 1 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Мајами хит, Андре Игудала верува дека играчот на Бруклин, Кевин Дурант ќе биде МВП во НБА за сезоната 2020/21.
- Едвај чекам да го видам Кевин како игра. Моето предвидување е дека тој ќе биде МВП на сезоната.
Игудала, Дурант и Стеф Кари освоија две шампионски титули заедно со Голден Стејт вориорс (2017, 2018), а Игудала и Кари освоија уште една титула во 2015 година. зс/