• четврток, 29 август 2024

Игуаин ги демантираше информациите дека ќе се пензионира на крајот на годината

Игуаин ги демантираше информациите дека ќе се пензионира на крајот на годината
Мајами, 6 април 2022 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин изјави дека нема да ја заврши кариерата во скоро време. - Нема да го напуштам фудбалот на крајот на сезоната. Татко ми погрешно разбра, го информирал Игуаин, новинарот Николо Шира. Претходно таткото на 34-годишниот Аргентинец, Хорхе Игуаин објави дека неговиот син ќе се пензионира на крајот на годината. Игуаин постигна два гола и една асистенција на пет натпревари за Интер Мајами оваа сезона во американската МЛС-лига. зс/

Остани поврзан