• четврток, 26 декември 2024

Игрите се дел од секојдневието на младите, треба да бидат дел и од нивното образование

Игрите се дел од секојдневието на младите, треба да бидат дел и од нивното образование
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - Игрите се дел од секојдневието на младите, треба да бидат дел и од нивното образование. Ова е главниот заклучок на панел дискусијата одржана денеска „Игрификација можност или пречка во образованието“, организирана од страна на фондацијата Конрад Аденауер и Лидери за едукација, активизам и развој во Скопје. -Постои огромна разлика меѓу реалноста на младите и образовниот процес, додека младите во реалниот живот играат игри, имаме образовни процеси што не дозволуваат користење на телефони во наставата, истакна Гоце Арменски, професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Според Арменски, образовниот систем е тром и тешко ги прифаќа промените. -Недозволиво е денес да не се дозволуваат мобилни телефони на часовите. Тие се алатка со која младите можат на интересен начин да ги совладуваат образовните содржини. Преку играта се зголемува мотивацијата на ученикот, тие стануваат активни чинители во образовниот процес, рече Арменски. И Арменски и Ана Попризова, психолог и Гешталт терапевт се согласни дека можностите се неограничени, образовниот систем е тром, а младите се тие кои треба да го менуваат образовниот систем. Попризова, освен позитивните страни на играњето преку развивањето на когнитивните способности, зборуваше и за одговорноста при играњето игри. Според неа, прашање е мерката, секоја активност што оди во екстрем може да предизвика проблеми, како што е на пример новото интернет гејминг нарушување. Основачот на М3ДС Академијата за и гејм дизајн Стефан Митров напомена дека играњето игри претставува и збогатување на социјалните контакти, преку играњето игри со други создаваме пријатели не само во просторијата, туку насекаде во светот. Но, забележа дека, покрај играњето игри, многу е важна и физичката активност. -Особено е важно вклучување на ученици во креирање на игрите, затоа што така учениците ќе бидат уште покреативни, истакна Даниела Спасовска, претставник на Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА. Марио Блажевски, ученик од СУГС „Орце Николов“, Скопје даде свое видување на темата „Учениците ги прифаќаат игрите како концепт, но дали ние учениците сме свесни за ефектите на игрите врз нас. “ Присутните се согласија дека за жал во нашиот образовен процес речиси воопшто не се користат компјутери, иако на хартија тоа се декларира. Заклучокот на панел дискусијата е дека целта на сите е всушност е да го правиме она што го сакаме и притоа истовремено да учиме. Игрификацијата претставува навистина можност во образованието, можност на која секој од нас треба да работи. ир/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан