Иван Иван прв играч во историјата на НХЛ со исто име и презиме
- Чешкиот хокеар на Колорадо, Иван Иван стана првиот играч во историјата на НХЛ чие име и презиме се сосема исти.

Лас Вегас, 10 октомври 2024 (МИА) - Чешкиот хокеар на Колорадо, Иван Иван стана првиот играч во историјата на НХЛ чие име и презиме се сосема исти.
Дваесет и двегодишниот хокеар дебитираше за Колорадо ноќеска во натпреварот од регуларниот дел од сезоната 2024/25 против Вегас.
Иван Иван помина 9 минути и 44 секунди на мразот.
Чешкиот хокеар не беше драфтуван во НХЛ. Во пролетта 2024 година, Иван потпиша двегодишен договор со Колорадо. зс/
Фото: Фејсбук НХЛ