• четврток, 26 декември 2024

Иванов: Демократска Бугарија нема да поддржи проширување на овластувањата на претседателот

Иванов: Демократска Бугарија нема да поддржи проширување на овластувањата на претседателот

Софија, 18 април 2021 (МИА) - Лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов за Бугарското национално радио изјави дека тие нема да поддржат зголемување на овластувањата на претседателот, особено кога земјата е во предизборен период.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата на поранешниот бугарски министер за правда нема да поддржи повлекување на законодавната иницијатива на Парламентот.

- „Демократска Бугарија“ ќе ја брани водечката улога на Националното собрание за време на дебатата, изјави Христо Иванов во врска со предлогот поднесен од „Има таков народ“ за промена на Изборниот законик, според кој претседателот мора да ги назначи членовите на Централната изборна комисија. Тој смета дека партијата на Слави Трифонов треба да се фокусира на обидот на овој бугарски парламент да формира влада. Според него, „Демократска Бугарија“ безусловно нема да поддржува ваква влада, бидејќи тие сакаа „тоа да биде влада на промени, со капацитет и персонал за спроведување на оваа промена“. Иванов е категоричен дека „Демократска Бугарија“ нема да поддржи влада со мандат од ГЕРБ или бугарските социјалисти, како и Движењето за права и слободи. Тој вели дека Бугарија во овој момент се соочува со три кризи - здравствена, економска и државничка. нк/

Остани поврзан