• вторник, 24 декември 2024

Иванишевиќ го победи вирусот: Секогаш сум бил непријатен во петтиот сет

Иванишевиќ го победи вирусот: Секогаш сум бил непријатен во петтиот сет
Задар, 13 јули 2020 (МИА) - Поранешниот хрватски тенисер и тренер на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ - Горан Иванишевиќ, објави дека се опоравил од коронавирусот. - Победа во пет сета. После два негативни и два позитивни теста, дојде на ред мојот омилен - петтиот сет. А знаете дека секогаш сум бил непријатен во петтиот сет… Конечно негативен и конечно можам да бидам ослободен после три недели изолација, напиша Иванишевиќ на Инстаграм со објавената фотографија. Легендарниот тенисер, кој беше директор на „Адрија тур“ во Задар, каде заболе од вирусот, им се заблагодари на лекарите за грижата. - Задар, благодарам што бевте голем домаќин за мене еден месец, сега станавме уште поблиски на посебен начин. Се гледаме во некои подобри околности, но не толку наскоро. Пазете се луѓе, а на сите заразени да се опорават што е можно поскоро, рече Иванишевиќ. https://www.instagram.com/p/CClU-PUJjZZ/?utm_source=ig_web_copy_link

Тагови

Остани поврзан