Ибрахимовиќ повторно повикан во репрезентацијата
- Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, повторно е повикан во шведската репрезентација за октомвриските натпревари против Косово и Грција во рамки на мундија

Стокхолм, 28 септември 2021 (МИА) – Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, повторно е повикан во шведската репрезентација за октомвриските натпревари против Косово и Грција во рамки на мундијалските квалификации, и покрај загриженоста околу неговата повреда на коленото поради која го пропушти ЕУРО2020.
Шведскиот селектор Јане Андерсон му врачи повик на Ибрахимовиќ, кој на 3 октомври ќе наполни 40 години, откако Шведска доживеа пораз од Грција од 1-3, по победата над Шпанија претходно во септемврискиот циклус квалификации за пласман на Мундијалот идната година во Катар.
- Одлучив да го вклучам, бидејќи се надевам и верувам дека може да даде придонес. Зад него е период на повреди, но состојбата од ден на ден се подобрува, ја образложи Андерсон својата одлука за враќање на Ибрахимовиќ во националниот тим. ег/ссм/