• понеделник, 23 декември 2024

Ибрахимовиќ му ја препушти на Дуплантис титулата најдобар шведски спортист

Ибрахимовиќ му ја препушти на Дуплантис титулата најдобар шведски спортист


Милано, 24 септември 2024 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Милан и капитен на шведската фудбалска репрезентација Златан Ибрахимовиќ го покани светскиот рекордер во скок со стап Арманд Дуплантис на неделното миланско дерби меѓу Милан и Интер и му ја препушти титулата најдобар шведски спортист.
„Сега кога завршив со фудбалот, некој мора да ја преземе мојата улога и да направи големи работи за Шведска, а тоа го прави Арман одново и одново бидејќи е фантастичен претставник на земјата“, изјави Ибрахимовиќ по натпреварот.
Ибрахимовиќ (42) за шведската репрезентација настапи на 122 натпревари и постигна 62 голови. Кариерата ја заврши во јуни минатата година, а сега е виш советник во управата на Милан.
На Олимписките игри во Париз, 24-годишниот Дуплантис го освои златниот медал, како и три години претходно во Токио и го подобри сопствениот светски рекорд, прескокнувајќи 6,25 метри. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан