Ибрахимовиќ: Милан има голема историја во Лигата на шампионите, па сакаме да го победиме Феенорд
- Советникот на раководството на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги сподели своите очекувања за реваншот на тимот против Феенорд во плејоф рундата од Лигата на шампионите.

Милано, 18 февруари 2025 (МИА) - Советникот на раководството на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги сподели своите очекувања за реваншот на тимот против Феенорд во плејоф рундата од Лигата на шампионите.
Милан го загуби првиот натпревар на гостински терен со 1:0.
- Очекувам Милан да биде поконкретен и поагресивен и да покаже желба за победа. На првиот меч Феенорд играше на домашен терен со свои навивачи, а тоа е секогаш друга приказна. Мораме да се фокусираме на себе, да ја играме нашата игра и да го правиме она што знаеме да го направиме. Милан има голема историја во Лигата на шампионите, па сакаме да победиме. Секогаш сакаме да учествуваме на овој турнир. Прекрасни се моментите на решавачките натпревари. Ова е најдобриот момент што може да го има еден фудбалер. Сè зависи од тоа како ќе го живеете овој момент на теренот, изјави Ибрахимовиќ во пресрет на ревашот со холандскиот тим.
Натпреварот на „Сан Сиро“ ќе почне во 18:45 часот. зс/
Фото: ЕПА