• сабота, 21 февруари 2026

Ибраими: Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе

Ибраими: Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе

Скопје, 19.февруари 2026 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва од 21 часот го игра првиот дуел од 1/16 финалето на Конференциската лига на УЕФА против турскиот тим Самсунспор. Тетовчани во одлична атмосфера го дочекуваат натпреварот.

-  Атмосферата е одлична и имаме две победи, но она што е поважно подготвени сме за предизвикот. Очекуваме поддршка од трибините. Нашиот сон веќе е исполнет, но секој човек сака повеќе. Ние сме подготвени да го дадеме најдоброто од себе, изјави капитенот на Шкендија Тетово Бесарт Ибраими.

Пласманот во плејофот од Конференциската лига е голем успех за Шкендија Тетово. Натпреварот се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 21 часот. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан