• петок, 08 ноември 2024

Ибески: Се евакуираат жители на Лажани чии куќи се поплавени

Ибески: Се евакуираат жители на Лажани чии куќи се поплавени
Скопје, 22 август 2022 (МИА) – Поплавени се 50 куќи во село Лажани, општина Долнени, откако пороен дожд вечерва го зафати Пелагонискиот регион. Градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески за МИА изјави дека повредени нема и оти причина за полавата е излевањето на Саждевска река. -Причина е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, поплави поголем број на куќи, рече градоначалникот. Информира дека има евакуирани граѓани, и тие вечерта ќе ја поминат кај роднини и пријатели. Во моментот на терен се наоѓат екипи на Центарот за управување со кризи, противпожарни возила, како и граѓани кои со трактори кои им помагаат на екипите.свс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан