• понеделник, 23 декември 2024

Зошто Ди Каприо е меѓу омилените глумци на Скорсезе?

Зошто Ди Каприо е меѓу омилените глумци на Скорсезе?

Лос Анџелес, 18 мај 2023 (МИА) - Американскиот режисер Мартин Скорсезе во интервју за „Дедлајн“ (Deadline) открива зошто го користи Леонардо ди Каприо во повеќето, т.е. наизглед сите негови филмови од 21. век.

Ди Каприо и Скорсезе досега имаат работено на шест долгометражен и еден краткометражен филм: „Бандите на Њујорк“ од 2002 година, „Авијатичарот“ (2004), „оскароскиот“ „Покојните“ (2006), „Островот Шатер“ (2010), „Волкот од Волстрит“ од 2013 година, потоа - кусиот филм „Аудиција“ (2015) и конечно - „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) којшто своето прикажување ќе го има во декеември оваа, 2023 година.

- Она што е фантастично за Лео и зошто толку често соработуваме е тоа што тој често талка како глумец во оние тешки сложени места коишто се речиси неразбирливи за другите актери на крајот сѐ тоа излегува толку кристално јасно со него. Обично можеш да го видиш тоа во неговиот израз, во лицето, очите... Тоа секогаш му го кажувам!, изјави Скорсезе. 

Според него, Ди Каприо е природен на сцената.

- Би можел да го снимам одблиску, тој може да не размислува за ништо, а јас да ставам што било во таа сцена, и луѓето повторно ќе речат дека е одличен. Тоа е нешто како „Кулешовиот ефект“. Може да го направиш тоа со Ди Каприо. Има нешто во неговото лице кога камерата ќе застане на него. Во неговите очи. Дури и кога се движи за милиметар, ние го гледаме тоа. Многу е занимливо она што се случува со него на сцената, заклучи Скорсезе.

Режисерот се осврна и на неговата соработка со Роберт де Ниро, со кого исто така снимил доста филмови. Имено, Де Ниро бил тој што му го посочил Ди Каприо на „оскаровецот“ зад камерата.  си/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан