• недела, 01 февруари 2026

Зорман: Ние со Хрватска сме во постојано во борба

Зорман: Ние со Хрватска сме во постојано во борба

Малме, 27. јануари 2026 (МИА) – Ракометната програма на Европското првенство денеска нуди еден од големите дуели, на лутите ривали. Во Малме ќе играат Хрватска и Словенија. По неколку години пости без медал Хрватска на ланското Светското првенство освоија сребро, а Словенија секогаш на големите натпреварувања знаела да совлада некого од фаворитите на таа листа е и Хрватска.

Во пресрет на денешниот дуел селекторот на Словенија Урош Зорман истакна:

-  За Хрватска може да зборуваме и цела недела. Тие имаат ракометна историја, тоа е еден неверојатен национален спорт во таа држава. Ние со нив постојано сме во некоја борба. Речиси на секој турнир се борат за полуфинале. Ќе дадеме се од себе и се надеваме на најдоброто.

Ова е еден од дуелите од групата 2, а двете селекции имаат да одиграат уште два натпревара. Покрај денешниот меѓусебен утре Словенија игра против Исланд, а Хрватска против Унгарија. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан