Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД
- Сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Стево
Скопје, 21 јуни 2022 (МИА) - Сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Телевизија 24.
- Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон, рече Пендаровски.
Република Северна Македонија нема амбасадор во САД веќе четири ипол години. Последен македонски амбасадор во Вашингтон беше Васко Наумовски во периодот од 2014 до 2018 година. ки/са/