• сабота, 21 февруари 2026

ЗОИ2026: Кинезот Ксинди олимписки победник во акробатски скокови

ЗОИ2026: Кинезот Ксинди олимписки победник во акробатски скокови

 

Ливињо, 20 февруари 2026 (МИА) – Кинескиот натпреварувач Ксинди Ван денеска во Ливињо го освои златниот медал во скијачки акробатски скокови на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.

Ван до златниот медал дојде со освоени 132,60 бодови.

Со сребрениот медал се закити Швајцарецот Ноа Рот (131,58), додека бронзата ја освои Тјанма Ли од Кина (123,93).

Акробатските скокови во слободен стил се изведуваат од скокалници високи од два до четири метри, а судиите ги оценуваат тежината на скокот, техниката во воздух и доскокот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан