• сабота, 21 февруари 2026

ЗОИ2026: Злато за Норвежанецот Дале Скјевдал во биатлон

ЗОИ2026: Злато за Норвежанецот Дале Скјевдал во биатлон

 

Антерселва, 20 февруари 2026 (МИА) – Норвежанецот Јоханес Дале-Скјевдал со совршена трка и без промашување (20 од 20) на стрелиштето во Антерселва го освои денеска златниот медал во машкиот биатлон на 15 километри масовен старт на Зимските олимписки игри во Антерселва.

За Дале-Скјевдал, кој пред две години го додаде презимето на својата сопруга Скјевдал, ова е први олимписки медал во кариерата.

Воедно, со неговиот триумф, Норвежаните го освоија 17 златен медал на ЗОИ 2026, со што го надминаа нивниот досегашен рекорд од 16 златни медали освоени на последните игри во Пекинг.

Сребрениот медал го освои неговиот сонародник Стурла Холм Легрид, додека брозната ја освои Квентин Фијон Мајле од Франција. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан